“Не треба да зборуваме за државна помош на медиумите, тоа се јавни пари на сите граѓани и државата има обврска одреден дел од буџетот да се дава на медиумите. Тоа е согласно европската и светската пракса”, е заклучокот на регионална конференција на тема “Државна помош за медиумите”,
Kоја неделава се одржа во организација на УНС и Здружението на новинари на Србија и Црна Гора, на која учестуваше и претседателката на МАН (Македонска асоцијација на новинари) Ивона Талевска, како и претседателката на Сојузот на бугарски новинари Снежана Тодорова, Хрвоје Зовко претседател на хрватското здружение на новинари, Марко Дивковиќ претседател на здружението на новјнари на БиХ, Драгиќ Рабреновиќ – претседател на здружението на локални емитери од Црна Гора, Владимир Радивојевиќ – претседател на здружението на новинари на Србија и други.
Учесниците ги презентирааа моделите на финансирање на медиумите во нивните земји и разговараа за ефектите на моделите на финансирање на медиумската сцена и квалитетот на медиумските содржини.
Освен Сојузот на новинари на Србија (УНС) и Здружението на новинарите Црна Гора (УНЦГ), присуствуваа новинари и претставници на новинарските здруженија од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија и Бугарија, како и заменик-министерот за информатичко Славица Трифуновиќ и шефицата на одделот за медиумите на ОБСЕ Гордана Јанковиќ.