Веста дека српскиот претседател, Александар Вучиќ, бил примен во болница поради кардиоваскуларни проблеми предизвика големо внимание и бројни реакции во Србија, но и во околните земји.
Послкедните информации што доаѓаат од Србија се дека здравствената состојба на Вучиќ е добра и дека за неговото здравје се грижи тим на експерти.
Еден од тие што го поздрави таквиот развој на ситуацијата, е новинарот Драган Вучиќевиќ, кој во програмата на тв „Пинк“, истакна дека имало голем број луѓе што се израдувале на веста за хоспитализирањето на Вучиќ, но дека радоста им била залудна.
– Утринава се чувствува многу подобро. Залудно хејтерите се радуваат по твитер и овој план им пропадна, Вучиќ се чувствува многу подобро. Се радуваа бидејќи единствен начин да дојдат на власт е Вучиќ некој да го убие или да умре – смета Вучиќевиќ.