Во Косово во минатото деноноќие се регистрирани нови три смртни случаи како последица на заразата од Ковид-19, откако претходниот ден по подолго време имаше двоцифрена бројка, односно десет жртви на пандемијата, јави дописникот на МИА од Приштина.
Последните 24 часа, од извршените речиси три илјади тестирања со методот РТ-ПЦР (вкупно околу 283 илјади досега), 292 лица резултирале заразени од коронавирусот.
Вклучително последните случи, според официјалните статистики на Националниот институт за јавно здравство на Косово, досега од појавата на епидемијата, во земјата вирусот е откриен кај вкупно 65.982 лица, од кои починале 1.571 заболен.
Во извештајниот период забележани се е и рекордни 556 излекувани пациенти, додека вкупната бројка на оние кои претходно биле дијагностицирани со Ковид-19 и кои ја совладале болеста доситгна до 57.941.
Активни носители на вирусот во моментов во Косово, вклучително денешните податоци, се 6.470 лица.