Вo Хрватска од понеделник поради зголемениот број на новозаразени со коронавирус ќе биде забрането собирање на повеќе од 50 лица, маските ќе бидат задолжителни и на отворено, а ќе престане да се продава алкохол после полноќ до шест наутро.
Со новата уредба е пропшана и строга мерка на физичко дистанцирање – два метри во затворено и еден ипол метар на отворен простор.
На свадби и на погреби не смее да има повеќе од 30 лица, а на приватни прослави само до 15 гости.
Спортските настани можат да се одржуваат без публика, а сите други јавни настани може да траат до 22 часот.
Во последното деноноќие во Хрватска се регистрирани 2421 новозаразени, а починале осум лица.