Клиничкиот и универзитетски центар на Косово соопшти дека на тамошната Инфективна клиника починал еден од пациентите заболени од Ковид-19, со што бројот на жртви на епидемијата на корона вирусот во земјата се искачи на 28.
Во соопштението на косовската државна болница се наведува дека се работи за 77-годишен маж од Ораховац, кој, освен од Ковид-19, страдал и од други хронични болести, што е случај и со останатите 27 досега починати.
Институтот за јавно здравство на Косово соопшти дека во последните 24 часа во земјата е потврден еден нов случај на заболен од Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени од корона вирус во земјата, од појавата на првите случаи пред речиси два месеци, достигна до 861, од кои активни се 272 случаи.
Во целата држава, согласно пропишаните методи на Светската здравствена организација, вклучително вчерашните 28 нови случаи, официјално како излекувани се водат 561 лице.