Жена на 63-годишна возраст, заболена од Ковид-19, почина на Инфективната клиника на Клиничкиот и универзитетски центар на Косово, со што бројот на жртви на епидемијата на корона вирусот се искачи на 27.
Во соопштението на косовската државна болница се наведува дека жената, по потекло од општина Драгаш, освен од Ковид-19 страдала и од други хронични болести, што е случај и со останатите 26 досега починати.
Според Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК), заклучно со вчерашниот ден во земјата се регистрирани 860 заразени од корона вирусот, од кои активни се 300 случаи.
Согласно пропишаните методи на Светската здравствена организација, во целата држава, вклучително вчерашните 43 нови случаи, официјално како излекувани се водат 533 лица.