Регион 14. јуни 2020. / 11:57

Нова жртва на Ковид-19 на Косово

Нова жртва на Ковид-19 на Косово

Жена на 74-годишна возраст од Призрен почина утрово на Инфективната клиника при Клиничкиот и универзитетски центар на Косово (ЌКУК). Со тоа, бројката на жртви на корона вирусот на Косово се искачи на 33.

Според соопштението од ЌКУК, како и сите други жртви на епидемијата и последнава страдала и од други тешки болести.

Од почетокот на пандемијата во Косово се регистрирани вкупно 1.384 заболени од Ковид-19, од кои како излекувани се водат 928 лица. Активни носители на вирусот се 476 лица.

Во лабораторијата за микробиологија на Институтот за јавно здравство на Косово досега се извршени вкупно 17.934 тестирања.