Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК) објави дека вечерва е регистриран 21-от случај на заразен од вирусот Ковид-19 во земјата.
Лицето од градот Липљан, 46-годишен маж, државјанин на Косово, чии анализи се позитивни на корона вирусот, допатувал од Германија на 11 март.
ИКШПК информира дека во текот на денешниот ден во неговата лабораторија за молекуларна микробилогија се тестирани над 20 примероци на лица за кои постоело сомневање дека се заразени со Ковид-19 и единствен кој резултирал позитивен е мажот од Липљан.