По три мандати, Едмонд Темелко од Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) изгуби на локалните избори што се одржаа вчера во Албанија. За нов градоначалник на Пустец е избран Пали Колефски од Алијансата за европска Албанија.
Според првичните резултати, Колефски освоил 1.505 гласови, а Темелко 859. Според резултатите на изборната комисија, Пустец, општина со доминантно македонско население во Албанија.