Регион 11. декември 2019. / 12:35

Нобеловецот Хандке прогласен за „персона нон грата“

Нобеловецот Хандке прогласен за „персона нон грата“

Добитникот на овогодишната Нобелова награда за литература, Пeтер Хандке е прогласен денеска за „персона нон грата“ во Кантонот Сараево.

Одлуката која беше иницирана од пратениците на Партијата за демократска акција, едногласно на денешната седница ја донесе Собранието на Кантонот Сараево.

Во декларацијата се осудува доделувањето на Нобеловата награда, како што е наведено, на „негаторот на геноцидот во Сребреница“.

Во декларацијата пишува дека Хандке „ниту денеска не ги менува своите ставови, туку оди чекор понатаму, па најавува своја посета на БиХ и посета на мајките од Кравица и околината на Сребрница.

Пратениците на Собранието на Кантонот Сараево доделувањето на наградата на Хандке ја оценија како „нова навреда за жртвите“, со оценка дека неговата посета на БиХ и Сараево би предизвикала „дополнително понижување на жртвите од големосрпската агресија“.