Регион 02. јуни 2020. / 14:51

Ниту денеска во Хрватска нема новозаразени, се укинува бројот за кризни ситуации

Ниту денеска во Хрватска нема новозаразени, се укинува бројот за кризни ситуации

Бројот на новозаразени во Хрватска во последните 24 часа е 0, со што вкупниот број на заразени со корона вирусот останува ист 2246 лица. До сега се тестирани 67297 лица, од кои 602 во последните 24 часа.

На болничко лекување се 17 пациенти од кои четворица се вклучени на респиратор.

Вкупниот број на оздравени е 2088, а во последните 24 часа оздравеле 11 пациенти.

Вкупниот број на починати е 103.

Националниот штаб за цивилна заштита соопшти дека Центарот за повици 113 повеќе не е во функција, а сите информации поврзани со корона вирусот достапни се на интернет страниците за Цивилна заштита на МВР, Хрватскиот завод за јавно здравје и единствената веб страница коронавирус.хр.