Силното невреме што го погоди хрватското приморје, освен што предизвика големи проблеми во Хрватска, го покажа и нивото на загадување и негрижа за природната околина. Големите бранови предизвикани од невремето, исфрлија на брегот стотици тони пластичен и друг отпад што инаку плови во Јадранското Море.
Како што пишува „Далмација данас“, тоа е редовна појава при секоја посилна бура, а најпогодени се бреговите на островите, но и подрачјето на Дубровник.
Според „Далмација данас“ најчесто станува збор за ѓубре од Албанија, каде тамошниот отпад неконтролирано завршува во реките кои абнормалните количини пластична и друга амбалажа ги носат до Јадранското Море. Потоа морските струи и брановите го носат ѓубрето на морското дно и на хрвтаските плажи.