Регион 22. јуни 2018. / 12:18

Невреме направи хаос, водата поплави куќи, пожарникари на терен – жителите преплашени (ФОТО)

Невреме направи хаос, водата поплави куќи, пожарникари на терен – жителите преплашени (ФОТО)

Пријепоље е буквално целосно под вода по обилните врнежи кои вчера ја зафатија територијата на Србија.

Сите улици се поплавени, како и селските и приградски делови. Дел од куќите се поплавени, па морале да интервенираат и пожарникари.

Жителите за српскиот Еспресо, велат дека било страшно, водата одеднаш почнала да влегува по домовите и мислеле дека ќе нема спас. Почнал да дува силен ветер кој носел се.