Регион 11. март 2020. / 13:06

Несторовиќ: Повеќето нема да забележат дека се болни од коронавирус

Несторовиќ: Повеќето нема да забележат дека се болни од коронавирус

Многу луѓе не знаат дека имаат коронавирус, само го пренесуваат. Тоа е потполно очекувано, ние за тој вирус знаеме дека е ист како грипот и дека може да биде опасен за постарите луѓе со хронични заболувања. Во Италија просечната старост на заболените е 81 година и приближно сите имаат хронична болест, на пример рак, изјави српскиот пулмолог Бранимир Несторовиќ.

Тој нагласува дека пушачите треба да намалат со цигарите бидејќи спаѓаат во ризична група.

Повеќето нема ни да забележат дека се болни, но тие се опасни за постарите и болните, истакна српскиот пулмолог и ја споменал докторката од нашата држава која се врати од скијање и зарази многу пациенти.

Според докторот, се создава непотребна паника и заблуда бидејќи штом кажете дека сте заразени, луѓето мислат дека ќе отидете во болница и ќе умрете.

85 отсто од заразените не чувствуваат никакви тегоби, тие само го носат вирусот и го пренесуваат на другите. Да се биде заразен, не значи толку многуo, истакна Несторовиќ во емисијата „Ново јутро“ на телевизија „Пинк“.