Несекојдневна пријава деновиве добила полицијата во Хрватска, кога сопственик на имот во Петеранeц, недалеку од Копривница, пријавил дека му исчезнала куќата, пренесе порталот „Подравски.хр“.
Се работи за монтажна куќа која била во изградба и речиси завршена, но крадците ја расформирале речиси до темел.
Штетата се проценува на 1.350 евра.