По подолго време во Словенија не се регистрирани нови случаи на лица починати како последица на коронавирусот.
Во изминатото деноноќие здравствените власти регистрираа само 21 случај на новозаразени со вирусот, што претставува намалување во однос на вчерашниот ден. Бројот на вчера тестираните изнесува 1023.
Порад Ковид-19 на болничко лекување се наоѓаат 99 лица, а 31 пациент има на одделите за интензивна нега.
Изминатите 24 часа, од болница биле отпуштени девет пациенти.