Лидерите на Самоопределување и Демократскиот сојуз на Косово (ДСК), Албин Курти и Иса Мустафа, не успеаја ниту денеска да постигнат договор за новата косовска влада.
Како што пренесува порталот Економија онлајн, ДСК ја одбило понудата на Самоопределување.
Приштинските медиуми наведуваат дека партиите не се договориле ниту за следна средба.
Состанокот на Курти и Мустафа траеше два часа.
Се наведува дека Курти го напуштил состанокот во парламентот и дека не се обратил на медиумите.