Регион 07. февруари 2021. / 22:00

Притвор од 30 дена за Веља Невоља и неговата група: Од утре се подготвува нов удар

Притвор од 30 дена за Веља Невоља и неговата група: Од утре се подготвува нов удар

На Вељко Беливук, наречен Веља Невоља и припадниците на неговата група одреден им е притвор до 30 дена, а од утре почнува финансиската истрага.

Полицијата досега нашла оружје, дрога и други предмети за извршување на кривични дела, а групата се сомничи за најмалку 3 убиства, но најверојатно овој број ќе се зголеми.

Притвор од 22 осомничени, им е одреден на 20-мина и сите тие ќе мораат да го објаснат потеклото на парите и своите имоти. Извршени се претреси на 30 локации и полицијата пронашла оружје, дрога и разни предмети за извршување кривични дела.

Истрагата, како што најави министерот за внатрешни работи, Александар Вулин, ќе продолжи, а тој истакнал и дека некои од осмничените се подготвувале да избегаат од земјата, ама акцијата на апсење ги запрела и изненадила.

Кланот на Невоља се сомничи дека сакал да ликвидира претставници на државата.