Регион 05. јануари 2021. / 21:15

Научникот Ѓикиќ објаснува зошто новиот вид на коронавирус се шири побрзо

Научникот Ѓикиќ објаснува зошто новиот вид на коронавирус се шири побрзо

Научникот Иван Ѓикиќ од Универзитетот Гете во Франкфурт за Н1 изјави дека статистиките за епидемијата на ковид-19 во Хрватска се нецелосни, дека Националниот штаб е многу загрижен, како и дека шкотскиот вид на SARS-CoV-2 што се појави и во Хрватска е мутација на вирусот која се шири побрзо од обичниот коронавирус.

Ѓикиќ, како што пренесува index.hr, истакна дека граѓаните на Хрватска во моментот се најпогодени во Европската Унија (ЕУ), бидејќи покрај пандемијата на ковид-19, во 2020 година беа погодени и со два стравични земјотреса. Притоа изрази недоумица за малиот број на тестови и објасни што, според него, не е во ред со статистиката во Хрватска.

– Кај новозаболените сè уште е нејасно зошто антигенските тестови не ги потврдуваат со ПСЦ тестови, па и тие позитивни лица влегуваат во статистиката. Уште помалку е јасно зошто лицата кои починаа во старечките домови, а беа позитивни на коронавирус, не се вброени во вкупниот број на починати од коронавирус во Хрватска, се прашува Ѓикиќ.

Тој рече и за кој број на лица станува збор за оние кои не се влезени во статистиката на починати од ковид-19 што, според него, требало да бидат вметнати.

– Се работи, според наши информации, за преку 400 лица кои починаа или во домовите за стари лица или во приватно сместување. Значи не во болнички услови. Ако не ги броиме тие луѓе, ние не знаеме дека во домовите имаме голема смртност и не делуваме превентивно, смета Ѓикиќ.

Дури и во Велика Британија има јужнолондонски и јужноанглиски, има велшки тип, има тип од Јужна Африка, има шкотски вид, истакнува Ѓикиќ.

– Токму тој вид што се појави во Шкотска е регистриран и во Хрватска. Станува збор за подмутација на С-протеинот кој е важен за влез во човековата станица. Тој протеин е како врата што се отвора за вирусот да влезе внатре. Се појави мутација што овозможува полесен влез. За среќа, ниедна од тие мутации не предизвикува потежок патолошки ефект, нагласува Ѓикиќ.