Министерството за образование на Црна Гора соопшти дека наставничка за физичко образование во основно училиште во Подгорица, добила отказ пред три месеци.
Причина за ваквиот потег е дека децата, меѓудругото, ги учела дека црногорската нација не постои и дека треба да одаат на литии кои ги организирала Српската православна црква.
„Дојде до злоупотреба на малолетните деца во политички цели од неодговорна наставничка. Затоа ги поддржуваме институциите да ги искористи сите законски овластувања со кои располага и најстрого да ги санкционира ваквите однесувања“, се наведува во одговорот на министерството за образование.