Регион 23. април 2020. / 22:45

Наместо во Загреб, самитот ЕУ-Западен Балкан на 6 мај ќе се одржи виртуелно

Наместо во Загреб, самитот ЕУ-Западен Балкан на 6 мај ќе се одржи виртуелно

Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, соопшти дека самитот ЕУ – Западен Балкан што требаше да се одржи во Загреб, ќе се одржи преку видеоконференција на 6 мај.

Ова било договорено на виртуелната средба на шефовите на држави и влади на ЕУ, на која главна тема била излезот од економската криза предизвикана од корона вирусот.

Загрепскиот самит требаше да се одржи на почетокот на мај. Европските лидери, дипломати и функционери повеќепати уверија дека и покрај длабоката криза низ која минува Европската Унија, Западниот Балкан нема да биде запоставен.

Самитот ЕУ – Западен Балкан треба да биде прилика за лидерите од регионот и од ЕУ да разговараат за главните политички и економски предизвици со кои се соочуваат, како и за зајакнувањето на односите.

На овој самит нема да се носат одлуки.