Турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ објави нето загуба од 2,23 милијарди турски лири (315,9 милиони американски долари) во вториот квартал.
Оваа загуба е над проекцијата на компанијата за загуба од 2,13 милијарди ТЛ.
Продажбата на оваа авиокомпанија во вториот квартал се намали за 67% во однос на истиот период лани, додека вкупната продажба во првото полувреме изнесуваше 21,5 милијарди лири, пишува турскиот „Дејли Сабах“.