Регион 31. јули 2018. / 13:57

„Најопасното место во Европа”: Хрватска во „црвено”

„Најопасното место во Европа”: Хрватска во „црвено”

Црвениот метеоаларм е запален на подрачјето на целото хрватско јадранско крајбрежје, од Истра до крајниот југ, како и за Далматинска Загора.

Според картата на Метеоаларм, хрватскиот дел од Јадранот денес е најопасното место во Европа, бидејќи црвениот метеоаларм е запален, објави Индекс.хр.

Според метеоролошката најава, температурата ќе се движи до 35 Целзиусови степени во текот на денот. И утре, во Далмација се очекуваат температури слични на денешните.