Во Косово во текот на вчерашниот ден се регистрирани рекордни 79 заразени со корона вирус во едно деноноќие, со што вкупната бројка на заболени од Ковид-19 во земјата се зголеми на 362.
Според соопштение на Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) најмногу новозаразени (35) се евидентирани во општината Урошевац, каде што вкупната бројка се искачи на 55. Поради тоа, Министерството на здравство одлучи целата општина од саботата да биде ставена во карантин.
Следува Призрен со 16 нови случаи, Генерал Јанковиќ и Витина со по шест, Гњилане со три, Малишево со два и уште неколку општини со по еден нов случај на заболен од новиот вирус.
Во општина Приштина, која по 20 заболени кои завчера беа потврдени, беше ставена под режим на карантин, вчера не е потврден ниту еден нов случај со позитивен наод од вкупно 40 тамошни жители кои биле тестирани.
Покрај Приштина и Урошевац, вчера, со одлука на Министерството за здравство и на локалните власти, во карантин беа ставени и општините Призрен и Сува Река.
Вкупно во неделата во Лабораторијата за молекуларна микробиологија на ИШПК се испитани примероци од 250 лица за кои постоело соменавње дека се заразени од новиот вирус, со што бројката на тестирани од 8 февруари, заклучно со вчерашниот ден, достигна 3.256.
Досега во Косово се регистрирани седум смртни случаи како жртви на епидемијата, а како излегувани во истиот период се евидентирани 59 лица.