Регион 18. април 2020. / 15:45

Најголем број од Црногорците со корона вирус се заразиле на погреби и семејни собирања

Најголем број од Црногорците со корона вирус се заразиле на погреби и семејни собирања

За точно еден месец откако беше потврден првиот случај на заразен со новиот коронавирус во Црна Гора, здравствените власти на таа земја регистрирале 303 случаи на Ковид-19, од кои петмина починале, соопштија од црногорскиот Институт за јавно здравје, чиј шеф смета дека ваквите резултати се добри.

Добрите резултати беа потпомогнати од тоа што властите ја слушаа професијата и дека се воведоа ригорозни мерки уште пред да се случи првиот случај – изјави водечкиот епидемиолог во црногорскиот Институт за јавно здравје, Сенад Бегиќ, за Би-Би-Си на српски јазик.

Според него, црногорскиот начин на борба со вирусот е специфичен поради малиот број население и културните особености.

Црногорците сакаат многу да слават и жалат – ние идентификувавме најмалку три или четири погреби кои биле епидемиолошки клучни настани за ширење на заразата кога мерките се уште не биле воведени – изјави Бегиќ.

Тој додава дека погребите и семејните собири се главните начини на ширење на заразата во Црна Гора и дека осудата кон заразените била проблемот со кој црногорските епидемиолози се соочиле на почетокот на епидемијата.