Бројот на новозаразени во Словенија се зголеми за 38, со што вкупниот број порасна на 480, соопшти Националниот завод за јавно здравје.
Најголемиот број на заболени се на возраст помеѓу 25 и 34 години, а хоспитализирани се 65 лица, од кои 10 се на интензивна нега, пренесе агенцијата СТА.
Во Словенија денеска е забележан четвртиот смртен случај како последица од компликации од коронавирусот.