Регион 24. март 2020. / 09:28

Нагло зголемен бројот на новозаразени во Косово

Нагло зголемен бројот на новозаразени во Косово

Синоќа во Косово се потврдени нови 26 случаи на носители на коронавирусот, со што официјалната бројка на заразени се искачи на 61 лице, информираа од Институтот за јавно здравство на Косово.

Сите 26 нови случаи се „испитани контакти на позитивни случаи“, односно членови на семејствата и луѓе блиски на лица кај кои веќе е потврдена заразата.

Косовската влада синоќа донесе нови мерки за спречување на ширењето на заразата, меѓ другото ограничувајќи го движењето на граѓаните и приватните возила во периодот од 10 до 16 и од 20 до 6 часот.