Регион 24. декември 2020. / 16:48

Над 32.000 илјади лица останале без работа во Хрватска

Над 32.000 илјади лица останале без работа во Хрватска

Во Хрватска се намали бројот на вработени и скокна бројот на невработените, покажуваат  податоците на Централното биро за статистика за третиот квартал.

Бројот на вработени во третиот квартал во Хрватска се намали за 26.000 на годишно ниво, а бројот на невработени се зголеми за 32.000 и сега е 135.000. Сега стапката на невработеност во Хрватска е 7,5 проценти, јави Хина.

Според истражувањето, во третиот квартал од оваа година во Хрватска имало околу 1,7 милиони вработени, што е за 10.000 или 0,6 проценти повеќе отколку во претходниот квартал. Во третиот квартал од оваа година имало околу 1,5 процент помалку вработени. Бројот на невработени се зголеми на годишно ниво за 31 процент, а на квартална основа за 17,4 проценти. И во делови од Европа расте бројот на невработени, но и на социјални случаи. Во Франција се зголемил бројот на социјални случаи.