Регион 18. декември 2019. / 10:45

Над 25.000 лекари ја напуштиле Романија во изминатите 10 години

Над 25.000 лекари ја напуштиле Романија во изминатите 10 години

Министерот за здравство на Романија, Виктор Костаке, соопшти дека повеќе од 25.000 лекари ја напуштиле државата  во изминатите десет години. Костаке појасни дека проблемот е сериозен и оти едноставно зголемување на платите не може да ги врати лекарите во земјата.

Според министерот, лекарите ќе бидат убедени да се вратат во својата татковина, најмногу со подобрување на условите за работа.

– Треба да ја подигнеме нашата инфраструктура на европско ниво, особено за пациентите – изјави Костаке за телевизијата „Диџи 24“.

Костаке додаде дека Министерството за здравство има проекти за подобрување на условите за работа во болниците. Една од мерките што тој ги најави е тоа што на краток и среден рок, ќе бидат обезбедени 170 милиони евра, наменети за опрема и обнова на болници до јуни следната година.

Првично, централно-левичарската влада тврдеше дека ќе изгради осум регионални болници со европски фондови, потоа тие болници требаше да се градат преку јавно-приватно партнерство, но на крајот проектите останаа само на хартија