Реформите на грчката влада, намалување на т.н. црвени кредити, буџетските цели, зелениот развој, тековната состојба и перспективите на економијата, биле дел од темите кои, според грчки владини извори, се нашле на агендата разговори на средбата на премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис со претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард.
Според истите информации, на средбата во Франкфурт било изразено задоволство од силниот степен на имплементација на реформската програма на грчката влада.
По тет а тет средбата на Мицотакис и Лагард следел и состанок на двете делегации, на кој станало збор за тековната состојба и перспективите на грчката економија.