Регион 29. август 2020. / 21:32

На состанокот со Косово во Вашингтон претседателот Вучиќ очекува изненадувања

На состанокот со Косово во Вашингтон претседателот Вучиќ очекува изненадувања

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека добиле официјална агенда за средбата со Приштина во Вашингтон, на кој е ставено се за коешто претходно е разговарано со американскиот претставник Ричард Гренел, но дека се очекуваат и изненадувања.

Не сум сигурен дека тоа ќе запре тука. За жал, мојот политички нос често можеше да почувствува различни видови можни изненадувања и стапици, рече Вучиќ на телевизијата Пинк.

Toj рече дека единствената тема насекаде е „заемно признавање“, и дека таа темата ќе се отвори и во САД и на крајот во Европа и дека до тогаш ќе има приказни за „нормализирање на односите“.

Како што стојат работите, гледам дека нè очекуваат многу големи и тешки проблеми, во кои сите мислат дека треба да ги завршат своите работи на штета на Србија, без да и дадат нешто на Србија, рече Вучиќ, додавајќи дека Србија ќе ги зачува своите национални интереси.