Според првите проценки на ЦеМИ, листата на владејачката партија „ДПС – одлучувачки за Црна Гора Мило Ѓукановиќ“ има 34,9 проценти, а опозициската коалиција „За иднината на Црна Гора“ 32,8 проценти.
Коалицијата „Мирот е наша нација“ има 12,6 проценти, „Црно на бело“ 5,4 проценти, Бошњачката партија 4,2 проценти, Социјалдемократите 4,2, СДП – Силна Црна Гора 3,1%, албанската коалиција „Едногласно“ 1,2 процент…
Според ова ДПС би освоила 29 мандати, опозицијата 28 мандати, Коалицијата „Мирот е наша нација“ 10 мандати…
За формирање влада потребни се 41 пратеник…