Регион 07. август 2018. / 12:56

На познато летувалиште, сопругот ја нашол сопругата прободена во апартманот

На познато летувалиште, сопругот ја нашол сопругата прободена во апартманот

Полицијата потврди дека во Трогир се истражува убиство откако вчера во 14 часот во стан е пронајдено тело на жена, а засега се претпоставува дека е убиена со ножот кој бил на местото на злосторството.

Според неофицијалните информации, настрадала 61-годишната А.Т., инаку лекар, која го чистела апартманот кој го изнајмува на туристи.

А.Т. била пронајдена од својот сопруг. На телото на убиената е заабележана една убодна рана на грбот.

Полицијата разговара со соседите и увидот е во тек, а според неофицијални информации никој ништо не слушнал ниту видел.