Мигрантите на подрачјето на Унско-санскиот кантон повеќе нема да може слободно да се движат по населените места и да спијат по парковите. Владата на Унско-санскиот кантон почна да ги применува мерките за ограничување на движењето.
Ова го потврди и портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Але Шиљдедиќ и додаде дека властите во Краина одлучиле да се обидат да ја нормализираат ситуацијата заради зголемениот прилив на мигранти.
– Мерките се однесуваат на преместување на сите лица кои немаат адекватно сместување и кои не се наоѓаат на некои од легалните сместувања во прифатните центри кои се организирани на подрачјето на Унско-санскиот кантон. Сите лица кои се наоѓаат на јавни површини, во напуштени објекти и непријавени објекти во Велика Кладуша, Цазин, Бихаќ и други градови ќе бидат преместени во кампот Вучијак, рече Шиљдедиќ.
Според моменталните проценки, на подрачјето на Унско-санскиот кантот престојуваат повеќе од 2500 илјади мигранти, од кои најмногу се во Бихаќ и Велика Кладуша.