Министерството за здравство на Косово одллучи на неопределено време да го прекине тестирањето за Ковид-19 на лиѓето коишто имале контакт со носители на со корона вирусот.
Според одлуката испратена до неколку општини, по препорака на Институтот за јавно здравство на Косово, одсега ќе се врши тестирање само на лицата хоспитализирани на Инфективната клиника на Клиничкиот и универзитетски центар на Косово и на оние со потешки симптоми на болеста.
Информацијата за весникот „Зери“ ја потврдиле претставници на локалните власти во Приштина, Гњилане и Глоговац, кои велат дека, откако ќе се добијат резултатите на веќе извршените тестирања, ќе се продолжи со третирање единствено на лицата кои пројавуваат симптоми.
Последниве денови во Косово имаше значително зголемување на бројот на лица кај кои е откриено присуството на корона вирусот, така што бројката на заразени се искачи на над 2.100. Пред десетина денови бројката на заразени изнесуваше 1.300.
Според последниот официјален извештај, бројот на активни носители на вирусот во истиот период се зголемил од 370 на 1.086.