Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) објави дека во текот на последните 24 часа во земјата се регистрирани 37 нови случаи на лица заразени од корона вирус, како и тројца починати од заразата.
Официјалните статистики говорат дека од појавата на епидемијата во Косово се регистрирани вкупно 598 заразени, од кои 15 починале, додека 123 се излекувани.
Според извештајот на ИШПК, сите новозаразени се случаи на контакт со претходно потврдени носители на вирусот.
Деветмина од новите заболени од Ковид-19 се од општина Липљан, осуммина од Пеќ, шестмина од Приштина, петмина од Призрен, четворица од Подујево, двајца од Зубин Поток и по еден од Штимле, Витина и Звечане.
Трите нови жртви се од северно Косово, од нив двајца од Северна Митровица и еден од Лепосавиќ.
Според синоќешното соопштение на ИШПК, во текот на вчерашниот ден во Лабораторијата за молекуларна микробилогија се тестирани примероците на 353 лица за кои постоело сомневање дека се можни носители на новиот корона вирус. Вкупната бројка на тестирани од појавата на епидемијата, заклучно со вчерашниот ден, изнесува 5.009.