Регион 02. декември 2019. / 17:45

На клиниката во Љубљана откриени документи од последните денови од животот на Тито

На клиниката во Љубљана откриени документи од последните денови од животот на Тито

Во подземен трезор на Универзитетскиот клинички центар во Љубљана, во кој на 4 мај 1980 година почина Јосип Броз Тито, откриени се фасцикли со документи кои фрлаат ново светло на последните месеци од животот на Тито и неговиот персонал во најдобрата медицинска установа во некогашната СФРЈ, пренесува Танјуг.

СПоред пишувањето на љубљанските медиуми, документацијата е откриена во простор до кој водат подземни ходници, а кои за последен пат се користени како скривница за време на воздушната опасност за време на судирите со ЈНА 1991 година. Иако се мислело дека целата документација поврзана со лекувањето на Тито во Љубљана завршила во Белград, пренесува јутарњи лист.

ПОголемиот дел од документите откриваат што се е плаќањо во времето на престој на Тито и неговиот персонал во болницата во Љубљана, а кои говорат дека за месец дена се изедени 100 килограми свинско месо, 31 килограм бејби биф, 18 килограми бујон, повеќе од 15 килограми пршута и 90 килограми конзервирана шунка.

Лечењето го платила Словенија

Во истиот тој еден месец платени се и 91 шише виски, 20 шишиња рум, 11 вотки и 100 литри вино, а според една пресметка нарачани се и 700 парчиња торти, 200 ролати, 200 крофни.

Освен сметките кои укажуваат на како се живеело во опкружувањето на Тито пронајден е и допис кој Институтот за патологија го пресметал дека обдукцијата на долгогодишниот претседател на Југославија ќе чини 33.437 динари.

Лекувањето на Тито во Љубљања го платила тогашната Социјалистичка Република Словенија, и тоа во износ од 2.100.000 динари, а го лекувале козилиум од лекари од кои тројца биле од Словенија и по еден од САД и Русија.

Тито во УКС Љубљана ги поминал последните четири месеци од неговиот живот, а како што е познато не баш ги слушал лекарите и дека не сакал да се одрекне од омилената храна и пијалоци. Тито последните 68 дена бил во вештачка кома, приклучен на респиратор, така што е јасно дека во тој период не можел да конзумира храна и пијалоци кои, според пронајдените сметки, платени се за време на неговиот престој во Љубљана.