Регион 19. декември 2020. / 19:34

На бугарско-романската граница запленет камион со два тони канабис

На бугарско-романската граница запленет камион со два тони канабис

Бугарските царински инспектори пронајдоа два тона канабис во камион со бугарски регистарски ознаки кој се движел кон Белгија, соопшти царинската служба.

Камионот бил запрен на бугарската граница со Романија, пренесува бугарската агенција БГНЕС.

Возачите на камионот, кои се државјани на Бугарија, задржани се 72 часа, а обвинителството ќе побара нивно притворање.

Тие се соочуваат со казна затвор од 10 до 15 години и парична казна. Товарот и моторното возило се запленети.