Регион 15. август 2018. / 14:48

На 27 август во Драч средба на лидерите од регионот

На 27 август во Драч средба на лидерите од регионот

На 27. август во албанскиот град Драч ќе се одржи средба на лидерите од регионот.

Според весникот „Дита“, премиерот на Албанија, Еди Рама, ќе биде домаќин на неговите колеги од земјите од регионот, а главна тема на средбата ќе биде расправата за подготовка на заеднички регионални проекти, поттикнати од Берлинскиот процес.

На средбата, ќе присуствуваат и високи претставници на ЕУ.

На минатогодишната средба во овој формат која се одржа во Драч, беше присутен и заменик преседателот на Светската Банка, но досега не е потврдено неговото учество на средбата закажана за 27. август.

Албанските медиуми пишуваат дека на средбата ќе присуствуваат премиерите на Македонија, Грција, Косово, Црна Гора, Србија…