Албанските здравствени власти предупредија на можноста да ги вратат строгите мерки на изолација, доколку продолжи да расте бројот на новозаразени со Ковид-19 и непочитувањето на препораките.
Во последните 24 часа во оваа земја регистрани се 18 нови случаи исто колку и вчера, по неколкудевните минимални бројки на новозаразени.
-Ако работите продолжат да се влошуваат како во последните денови, ќе бидеме приморани да преземеме чекори наназад. Препораките се донесени за да се почитуваат а не да се игнорираат. Ние не преговараме за здравјето на граѓаните со ништо и со никого, изјави Огерта Манастирлиу министерка за здрвство и социјална заштита.
Додаде дека како здравствени институции тие го поддржуваат олеснувањето на мерките, но само под услов граѓаните да ги почитуваат правилата.
-Имам апел за сите граѓани. Фактот дека многумина од вас немаат роднина, член на семејство или познат засегнат од вирусот не значи дека вирусот не е присутен. Уште помалку тоа може да биде причина да не се следат правилата и да се намали будноста , рече Манастирлиу.
Досега во Албанија тестирани се 11.988 граѓани,при што позитивен резултат е добиен кај 916 лица.