Познато е дека понекогаш се носи храна и се јаде на гробишта. Дел од обичаите подразбираат и вакви случки. Но, некој имаше потреба на гробишта да приреди гозба во знак на сеќавање на починатиот член на семејството.
Едно семејство од Шабац реши на градските гробишта во околината на градот да распали скара. Можеби нив ова им изгледа сосема нормално, можеби ова е нивен начин прославата на Велигден да ја споделат со оној кој неодамна ги напуштил, но во очите на оние ад камерата, се ова изгледа малку морбидно. Огнот распален, чад се крева нагоре, а село семејство со празни стомаци го чекаше велигденскиот оброк.