Регион 17. ноември 2019. / 21:15

Монтенегро ерлајнс набавува нов авион

Монтенегро ерлајнс набавува нов авион

Монтенегро ерлајнс објави конкурс за набавка на еден авион Ембраер Е 195, кој може да биде и половен( произведен по 2017) или нов, со испорака до април . Договорот за лизинг ќе биде на рок од три години, со можност за продолжување под истите услови

Авионот ќе биде во конфигурација од 116 седишта како и секој друг Е195 .

Договорот за закуп има ограничување од 2.400 блок  часови или 2.030 часови на лета годишно. Понудата со најниска цена за лизинг ќе биде прифатена. Крајниот рок за поднесување на понудите е 22.11.2019 година.