Mаж (40) од Ѓаковица на Косово и Метохија е уапсен откако ја убил својата поранешна сопруга (40) и деветгодишната ќерка.
Како што пренесуваат локалните медиуми до убиството дошло во вторникот навечер. Двојката живеела одвоено неколку месеци, и имале 5 деца, од кои две живееле со таткото, а три со мајката.
Според неофицијалните информации, неколку часа пред да ја убие својата жена и ќерка со автоматско оружје, тој испратил заканувачка порака на бројот на својата сопруга.