Регион 08. јули 2018. / 21:28

Могерини со порака до Балканот: Лекување на раните и крај на поделбите

Могерини со порака до Балканот: Лекување на раните и крај на поделбите

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини порача дека Западен Балкан географски е дел од Европа, но и дека колективно може да стане дел од Европската Унија.

„Време е да се залечат раните од минатото и да се преземат нови чекори за да се гарантира стабилноста во регионот и цела Европа“ напиша Могерини на својот личен блог.

Таа истакна дека сите шест балкански партнери на ЕУ имаат единствена можност „да стават крај на поделбите во Европа и да го обединат континентот“.