Високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини, во денешната расправа со европратениците рече дека интеграцијата на Западниот Балкан е еден од главните приоритети на унијата.
-Нашата заедничка цел е сите балкански земји да везат во ЕУ. Имаме две итни задачи. Прво да работиме неуморно на односите меѓу Белград и Приштина, за да имаме договор и да ги нормализираме односите. Исто така мораме да ги отвориме преговорите со Тирана и Скопје. – рече Могерини.