Регион 21. ноември 2018. / 19:56

Могерини: Косово веднаш да ја укине одлуката за воведување царина на српските и босанските стоки

Могерини: Косово веднаш да ја укине одлуката за воведување царина на српските и босанските стоки

Високата претставничка за надворешна политика на Европската Унија, Федерика Могерини, ја повика косовската Влада итно да ја укине одлуката за зголемување на царината за стоката од Србија и Босна и Херцеговина за 100%, објавија српските медиуми.

Косовската влада денеска одлучи да ги зголеми тарифите во висина од 100 проценти. „Србија продолжува со својата агресивна кампања против Косово на меѓународната сцена. Тоа го поткопува процесот на нормализација“, напиша заменик-премиерот на Косово, Енвер Хоџај, на „Твитер и додаде дека тарифите се зголемени со цел Косово да ги одбрани своите витални интереси.

Ковоскиот премиер, Рамуш Харадинај, изјави дека одлуката стапува веднаш на сила.

ЕУ уште на 6 ноември побара од косовските власти итно да ја објаснат тогашната одлука за зголемување на таксата на увозот на стока од Србија и БиХ на 10 отсто. Брисел оцени дека таквата одлука не е во согласност со принципите на Договорот за стабилизација и приклучување на Косово во ЕУ.