Регион 25. ноември 2019. / 09:45

Мирослав Лајчак најсериозен кандидат за специјален пратеник на ЕУ за Западен Балкан

Мирослав Лајчак најсериозен кандидат за специјален пратеник на ЕУ за Западен Балкан

ЕУ интензивно трага по соодветна личност за новата функција – специјален пратеник за Западен Балкан, а најсериозен кандидат е шефот на словачката дипломатија Мирослав лајчак, јави „Вечерње новости“.

Според весникот, целта на ЕУ, пред сè, е да се ублажи влијанието на САД во регионот.

Повикувајќи се на добро информирани извори, „Вечерње новости“ тврди дека Лајчак на почетокот на неделата, во врска со оваа функција, имал двочасовна средба со идниот шеф на европската дипломатија Жозеп Борел.

– САД имаат два претставник за Западен Балкан, а ние ниту еден. Затоа и вака ни оди – изјавил Лајчак, алудирајќи на бавноста на проширувањето е сè поголемата оддалеченост на регионот од ЕУ, тврди српскиот весник.