Регион 03. август 2018. / 11:08

Мирослав Додик: Ако Косово влезе во ОН, истото ќе го бара и Република Српска

Мирослав Додик: Ако Косово влезе во ОН, истото ќе го бара и Република Српска

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека доколку Косово стане дел од Обединетите нации и другите меѓународни институции, истото ќе го бара и Бања Лука.

„Кога Албанците еднострано прогласија независност на Косово, Српска донесе резолуција во која се наведува дека во случај на воспоставување на новиот меѓународен принцип и пракса за признавање на правото на самоопределување, ќе инсистираме на утврдување на нашиот државен статус“, изјави Додик за „Новости“ и додаде дека тој документ и натаму е на сила.

Тој порача дека странците упорно применуваат двојни аршини и предупреди дека не можат аргументацијата што ја користат за Косово да ја исклучи БиХ.

„Во тој поглед, решението на односите меѓу Белград и Приштина на трајна основа би можело да подразбира решавање на проблемите за статусот на РС. Тоа прашање ќе го ставиме на дневиот ред кога ќе бидат погодени околностите“, најави Додик.

Во поглед на одлуката на Велика Британија во Советот за безбедност да не се расправа за Косово, Додик нагласи дека не е изненаден бидејќи, како што наведе, откако е присутна на овие простори, политиката на Британија е антисрпска.