Регион 01. декември 2019. / 10:00

Мило Ѓукановиќ уценет со снимки од оргии: Довчерашниот пријател му спрема политичко цунами

Мило Ѓукановиќ уценет со снимки од оргии: Довчерашниот пријател му спрема политичко цунами

Високи функционери на Демократската партија на социјалистите за своите оргии користеле најмалку десет станови во Подгорица и на приморјето, а кои биле во сопственост на бизнисменот Душко Кнежевиќ.

Порталите од соседството пренесуваат дека становите биле опремени со камери и се што се случувало внатре е забележано. Тие станови со години ги користеле највисоки државни функционери на Црна Гора за провод далеку од очите на јавноста.

Според неофицијални информации, еден од сведоците соработник во предметот против Душко Кнежевиќ потврди пред истражителите дека постоеле тие станови и дека тие биле покриени со опрема за аудио и видео снимање.

Самиот Душко Кнежевиќ не сакаше детално да зборува за ваквите информации.

– Вистина е дека имам неколку станови кои се користени од функционери на ДПС за провод и дека имам многу снимки. Толку засега, доаѓа изборна кампања, па ќе видиме што понатаму ќе се случува, изјави Кнежевиќ, пренесува „Српске новости“.

Сите снимки, како што се дознава, на време се скриени, така што истражителите не можеле да избришат тоа што камерите забележале.

Претседателот на Атлас групацијата Душко Кнежевиќ, по кого на почетокот на годинава беше распишана потерница за наводно перење пари. Кон крајот на минатата година тој го обвини Ѓуканови, ианку негов довчерашен голем пријател, дека со помош на „кланови блиски на првата фамилија“ се обидува да му ги преземе неговиот имот и бизниси.

фото: Мило Ѓукановиќ во друштво на Душко Кнежевиќ