Група мигранти го проби полицискиот кордон на граничниот премин „Маљевац“, меѓу Босна и Херцеговина и Хрватска и се упатиле кон босанската полиција. Според досегашните информации во инцидентот има повредени, а сообраќајот е блокиран.
Босанските портали пренесуваат дека состојбата на теренот е напната и оти мигрантите бараат да им се дозволи влез во Хрватска. Подрачјето го надлетуваат хеликоптери, а распоредени се и специјални единици на хрватската полиција.